-Постигнатите резултати се доказ дека македонскиот кик-бокс има светла иднина. Овие млади спортски надежи продолжија да чекорат по стапките на нивните постари колеги, кои во континуитет постигнуваат врвни резултати на меѓународните натпреварувања, рече Спасески.

Македонските кик боксери на ЕП во Сан Себастијан имаа 100 процентен учинок, односно сите тројца натпреварувачи освоија медали. Божиновска и Илиоски освоија сребрени медали, Рамадани бронзен. На шампионатот настапија преку 1.300 натпреварувачи од 34 земји.

– Благодарение на поддршката од АМС успеваме насекаде низ светот достојно да ја претставуваме нашата земја. Со тоа што ни ја доделија организацијата во 2017 година, Европската федерација потврди дека на претходните две првенства сме биле добри домаќини, а тоа беше констатирано и на состанокот на Бордот на директори на Светската и Европската федерација во Сан Себастијан, изјави претседателката на кик бокс федерацијата Александра Неделковска.