Како што соопшти АД Алкалоид, претставниците на Република Македонија се вброија меѓу одбраното друштво од над 3.000 угледни гости од 140 земји и 50 конгресмени од светската бизнис и политичка елита, на чело со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Централната церемонија во рамки на престижниот настан чија цел е продлабочување на меѓународните врски и меѓусебната грижа, како и маргинализирање на различностите помеѓу луѓето, традиционално се одржала во хотелот „Вашингтон Хилтон”.

-Покрај главниот збор, кој по традиција за време на овој настан го има американскиот претседател, во рамки на активностите поврзани со 65-тиот Молитвен појадок, впечатливо обраќање имаа и американскиот Сенатор од Флорида, Марко Рубио, Рабинот Хасел Лукстин и Рабинот Киш, еминентни сенатори и верски лидери како и Кралот Абдула од Јордан, се истакнува во соопштението на Алкалоид.