Неуспешно заврши состанокот на заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Како што беше наведено македонскиот дел од комисијата не се соогласува да ги потпише записниците доколку јаизкот не е македонски, а воедно не се согласува и да има едно само бугарско видување за Цар Самоил.

Според лидерот на маккедонскиот тим Драги Ѓорѓиев средбата поминала навистина во академска атмосфера со плодна, слојна дискусија која за жал не донесла резултати, бидејќи добар дел од средбата бил посветен на записниците од 9 и 10 средба и тука гллавен проблем е употребата на придавката македонски, каде постои различно толкување на Преспанскиот договор.

Според бугарските колеги употребата на придавката македонски е лимитирана целосно без оглед како се толкува и како е запишана од наша страна. За жал тоа останува проблемот со придавката, се разговара на повисоко ниво. Во однос на работата на комисијата се започна со учебниците, главна забелешка беше за самоуловата историја и тука не постигнавме согласност, главниот проблем е што се избегнува мултиперспективност во учебниците и идејата да се  наметне само едно видување резултираше со непостигнување на резултати. Беа разгледувани варијанти, меѓутоа се покажа дека имаме спротивставени гледања како треба да се пишуваат препораките до владите, и како треба да изгледаат идните учебници во двете земји, тука зборуваме на различни јазици, вели Ѓорѓиев.

Ангел Димитров предводникот на бугарскиот дел од комисијата вели дека резултатот е нула има минијатурен чекор и обвини за политичко мешање.

– Јасно е дека некој суштински работи за што имавме сигнали, денешната средба ги потврди, една од нив е поврзана со политички и суштински и констатирана пракса, нашите колеги откажаа да ги потпишат записниците и настојуваат да се стави македонски, а тоа не е во согласност во воспоставената практика. Имаме две средби без записници, без документ за дискусиите и одлуките работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање за желба да се работи со резултати нашите опсерваци кажуваат дека ова е политички однос за дискредитирање на Бугарија и државните позиции. А по однос на суштината има резултат нула укажува уште нешто, непрекинато се зборува од Македонија дека комисијата ги отфрли три период во својата работа за учебниците, се споменува освен старата историја, средниот век дури и раниот период на османлиството. ние сме многу далеку од завршување на работата во врска со учебниците. Нашите забелешки беа на 14 точки, ние сме на 4  точка за Цар Самоил која заврши без резултат. Има отстапување на текст утврден од двете влади, за заедничко чествувавње. Не се покажува на договор кој треба да биде исполнет, рече Диимитров.

Беше додадено дека за Гоце Делчев се зборувало кратко и се уште не е разгледувана сериозно таа тема.