x

Македонката Нина се враќа во октагонот по петта УФЦ победа

nina-ansaroff

Нина Ансарова, Американка со македонски корени, на 10 април се враќа во октагонот во битка за својата петта победа во УФЦ. Ансарова која во ММА водите е позната како Ансароф направи пауза од борбите откако го доби своето прво дете, но сега е подготвена за нов предизвик.

Нина која има скор (4-1) во досегашните пет професионални УФЦ борби, на 10 април ќе се сретне со Мекензи Дерн. Што се однесува до Дерн, таа е повеќекратен бразилски шампион во џиу-џитсу и досега веќе има три последователни победи во УФЦ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата