Елена по огромните успеси во Токио и Мадрид конечно се здоби со ексклузивитет за кој сите идни модели сонуваат. Нејзиниот пат до светска кариера на топ модел не беше случаен, благодарение на успешната долгогодишна соработка на нејзината матична модната агенција Моделс ИН од Скопје и менаџерката Јелена Ивановиќ и нејзината агенција Model Scouting Office Елена се вивна во самиот моден епицентар.

Деновиве Елена патува во Милано и Париз како ексклузивно лице на Келвин Клајн да работи и на тамошните модни недели.

Таа останува да биде запаметена во колективната меморија како единствено ексклузивно лице од Балканот за модниот гигант и супер бренд Келвин Клајн.