Од претходно беше потврдено дека машката ракометна репрезентација на Македонија ќе игра само еден бараж натпревар за место на Светското првенство 2021 година во Египет и покрај промената на системот на квалификации, како и фактот дека на ЕХФ ЕУРО 2020 го имаше најслабиот ранг во историјата 15. место.
Денеска беа дефинирани четирите двојки од априлските квалификации. Победниците од четирите претквалификациски турнири Литванија, Израел, Романија и Турција, ќе се соочат со најлошо рангираните селекции на ЕП, Русија, БиХ, Литванија и Израел.
Двомечот се игра во термините 15/16, односно 18/19 април годинава, а победниците ќе се најдат во последниот филтер во кој е и Македонија.
2.КОЛО КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2021 ЕГИПЕТ
Турција – Русија
Романија – БиХ
Полска – Литванија
Израел – Летонија