Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Ивица Обрван го објави списокот со ракометари кои ќе ги стартуваат подготовките за престојното Светско првенство во Катар.

Нашиот национален тим ќе биде предводен од Кире Лазаров, кој ќе добие голема помош и од повратникот во репрезентацијата Наумче Мојсовки кој поради тешката повреда на коленото го пропушти Европското првенство во Данска.

Првата прозивка на македонскиот национален тим ќе се одржи на 21 декември во Хотел „Русија” во Скопје, со што и официјално ќе биде означен стартот на подготовките за претстојното Светско Првенство.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ

1. Борко Ристовски (Кретеј)
2. Никола Митревски (Металург)
3. Петре Ангелов (Вардар)
4. Дејан Манасков (Металург)
5. Гоце Ојлески (Металург)
6. Гоце Георгиевски (Металург)
7. Влатко Недановски (Вардар јуниор)
8. Златко Мојсоски (Прилеп)
9. Стојанче Стоилов (Вардар)
10.Никола Маркоски (Металург)
11. Ванчо Димовски (Металург)
12. Наумче Мојсовски (Металург)
13. Филип Лазаров (Вардар)
14. Аце Јоноски (Металург)
15. Велко Маркоски (Металург)
16. Талески Филип (Металург)
17. Филип Миркуловски (Металург)
18. Немања Прибак (Вардар)
19. Кире Лазаров (Барселона)
20. Ренато Вугринец (Металург)
21. Никола Стојчевски (Редебергслидс)