Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната до 36 степени.

До сабота времето ќе биде претежно стабилно и топло. Дневните температури ќе бидат за околу 2 степени пониски од денешните, но вдолж Повардарието сепак ќе имаат натпросечни вредности. Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи, а температурата ќе биде во благо опаѓање.