x

Македонија ЃП го засилува нападот со фудбалер од Гана

Басит Абдул Калид, фудбалер од Гана кој игра во нападот, ќе биде новото засилување за Македонија ЃП, дознава „Спортмедиа“.

Овој 23-годишен фудбалер доаѓа од редовите на Теута Драч, а претходно настапувал во Приштина.

Тимот од Ѓорче Петров го чека да дојде на подготовки, а во меѓувреме се средува документацијата околу неговиот престој. Се очекува тој да биде главен „шпиц“ на ѓорчепетровци, со оглед дека Дејан Тантуровски замина во таборот на Силекс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата