x

Македонија У-21 води со 1:0 на полувреме со Црна Гора!

so-crna-gora-poluvreme

Добра игра и водство на нашата млада репрезентација до 21. година по првиот дел од мечот со Црна Гора во Скопје. Момците на селекторот Благоја Милевски имаат водство од 1:0 и тоа со голот на Ѓорѓиевски во 13. минута, кога овој се најде на десет метри од голот на гостите и просто ја „скина“ мрежата.

Имавме уште три шанси за удвојување на водството на овој последен меч од квалификациите за ЕВРО 2021. Но Миовски, Атанасов и Ѓорѓиевски не беа прецизни.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата