x

Македонија со четворица полумаратонци на Балканското првенство во Загреб

atletika-polumaratonci

Македонски ќе биде преставена од четворица натпреварувачи на утрешниот балкански шампионат во полумаратон кој ќе се одржи во Загреб. Хрватската престолнина утре ќе биде местото каде што за првпат оваа година репрезентативен настап ќе имаат македонски атлетичари.

Во склоп на Загрепскиот пролетен полумаратон ќе се одржи и балканското првенство во полумаратон. По долгата пауза од натпревари поради добро познатата ситуација со коронавирусот оваа трка ќе биде добар тест за можностите на нашите натпреварувачи.

Репрезентацијата на Македонија на утрешната полумаратонска трка ќе биде составена од четворица наши атлетичари и тоа во машка конкуренција ќе настапат Атанас Анчевски и Милош Ранчиќ, додека кај дамите нашите адути за висок пласман ќе бидат Адријана Поп Арсова и Миљана Ристиќ. Стартот на трката е закажан во 8 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата