x

Македонија се враќа со сребрен медал од ЕП во таеквондо во Сараево

dejan-georgievski-taekvondo

Македонија се враќа со сребро од Европско сениорско првенство во таеквондо. Нашиот репрезентативец Дејан Георгиевски стигна до финалето во категоријата 80+ килограми и загуби тесно 18-19 од Иранецот со српски пасош, Махди Кодарбакши.

Геогиевски до финалето извојува три победи против Андреј Гарбар (Украина), Динко Шегедин (БиХ) и Рос Даниел (Шпанија).

Ова е историски медал за македонскиот олимписки спорт, таеквондо. Филип Додевски на ЕП загуби од Хавиер од Шпанија со 9-22, додека Анамарија Георгиевска забележа победа и пораз во последниот ден на шампионатот во категоријата до 67 килограми.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата