Евробаскетот почнува за четири дена, а македонската кошаркарска репрезентација првиот меч го игра против нашиот Грција на петти семптеври во Загреб.

Пред меѓусебниот дуел Грците се обидуваат со сите сили да испровоцираат, па како многу пати до сега, се бунат за третманот кој Македонија го добива од ФИБА.

Имено, македонската кошаркарска репрезентација на официјалната интернет страница на Евробаскет 2015 е запишана под кратенката МКД, а не под референцата ФИРОМ, објави Канал 5.
„Фаул од ФИБА”, „Гаф на ФИБА”, се дел од написите во грчките медиуми.

-Масло на огнот фрли ФИБА пред дуелот помеѓу Грција и Македонија со грешката за која се уште не е утврдено дали е намерна или не, пишува спортскиот портал Сентра гол, а пренесува Канал 5.

Засега вакви реакции има само на интернет порталите и нема реакција од официјална Атина, нешто што според искуството може да се очекува.