x

Македонија не е Естонија – посилни се!

gruzija
Грузиските медиуми се задоволни од победата на нивната селекција во Естонија но не се задоволни од играта на нивните фудбалери. Нашиот денешен ривал во саботата со минимални 0:1 славеше во Талин. Ника Квеквешкири, фудбалерот на Тобол од Казахстан и одличен играч за врска на прес конференција врати на „огнените стрели“ кон него и неговите соиграчи:
“Кога играме за репрезентацијата тоа се натпревари со посебни емоции. Ние ја победивме Естонија и тоа е најважно. Сека играме со посилен и посериозен ривал. Македонците се посилни од Естонија. Нема да имаме публика на трубините но се надевам дека нашите навивачи ќе бидат со нас вечерва и ке го следат дуелот. Одиме на победа“, напомена Квеквешкири.
Грузијците немаат проблеми со повредени фудбалери. Селекторот Владимир Вајс исто така најави дека ќе игра со најдобрите и ќе оди на победа и нови три бода и со максимални 6 да биде лидер на табелата во пресрет на новите дуели во октомври.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата