Македонија е на шесто место во светот по бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирус на милион жители, според податоците на Светската здравствена организација.

Во светот, најголем број на смртни случаи од последиците од Ковид-19 на милион жители се регистрирани во Белгија, по која следат Сан Марино, Перу, Италија и Босна и Херцеговина (БиХ).

Во Белгија има 1.558 смртни случаи на милион жители, 1.532 во Сан Марино, 1.112 во Перу, 1.075 во Италија и 1.034 во БиХ.

Нашата земја е на шестото место со 1.031 смртни случаи на милион жители, а следат Шпанија 1.027, Андора 1.022, Словенија 990 и Велика Британија со 949 смртни случаи на милион жители.

Најмал број на смртни случаи од Ковид-19 на милион жители е регистриран во Австрија – 501.

Најголем број заболени со коронавирус на милион жители во светот се регистрирани во Андора, Луксембург и Црна Гора.

Во Андора се заболени 95.541 лице на милион жители, 66.935 во Луксембург и 66.665 во Црна Гора.

Според податоците на Светската здравствена организација, Сан Марино е на четвртото место со 58.401 заразен на милион жители, Француска Полинезија со 56.058 заразени и Чешка со 54.744 заразени на милион жители.

Следуваат Белгија, која има 52.565 случаи на милион жители, по што следат Бахреин со 52.461, Ерменија со 50.323, Катар со 48.982, Џорџија со 48.857 и САД со 48.462 заразени на милион жители.

Најмал број на заразени на милион жители е регистриран во Кипар – 12.797.

извор: Makfax