x

МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА, ОДЛОЖЕНО!

тренинг

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и на Италија кој требаше да стартува денеска, од 15. часот, а е дел од „Б“ квалификациската група за пласман на ЕП 2022, е одложен.

Водството на нашата федерација доби информација од ФИБА дека поради позитивни случаи на присуство на коронавирусот кај најмалку еден кошаркар, комплетниот наш тим ќе мора да направи уште еден PCR тест.

Повеќе детали за новонастанатата ситуација ќе бидат достапни во текот на денот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата