До 2050 година, Нигерија по број на жители ќе биде поголема од САД и ќе биде трета најнаселена земја на планетава. Нигерија не е единствената држава чија популација ќе расте во наредните децении. Според проценките на ОН, западно африканските нации ќе бројат околу 300 милиони граѓани повеќе, додека истовремено европскиот континент ќе се соочи со огромен бран депопулација.

Прогнозите на ОН се дека до 2100 година, Србија ќе изгуби повеќе од три милиони граѓани, а ништо подобро нема да помине ниту Хрватска. Црна Гора од сегашните 629 илјади до крајот на векот ќе падне на 449 илјади, Словенија ќе изгуби околу 200 илјади жители, а Македонија повеќе од половина милион

Според извештајот „Проспекти на светската популација“ на ОН, до 2050 година планетата Земја ќе ја населуваат дури 9,8 милијарди луѓе, со тоа што половина од популациониот раст ќе се случи во Африка. На списокот земји населението најбрзо ќе расте во Нигерија, Конго, Етиопија, Танзанија и Уганда.

До 2050 година половина од светската популација ќе живее во девет земји: Индија, Нигерија, Конго, Пакистан, Етиопија, Танзанија, Уганда и Индонезија.

Од друга страна, најголемиот дел од европскиот континент го очекува драстично намалување на популацијата. Тоа посебно се однесува на нашиот регион.

Се очекува да популацијата во 51 земја или делови од светот се намали во периодот од 2017 до 2050 година. Во неколку земји се очекува бројот на жители да опадне за повеќе од 15 отсто, вклучувајќи ги Бугарија, Хрватска, Латвија, Литванија, Полска, Молдавија, Романија, Србија, Украина…