x

Македонија е едно големо семејство, Барди ги пречека другарите

bardi

Македонската репрезентација во моментов е едно големо семејство. Така и стигнавме до онаму каде што сме, до Европското првенство. Сите сплотени, како еден, така се постигнуваат врвни резултати. И кога некого нема, тој е со мислите со нас.

Енис Барди не можеше да помогне во Грузија, на финалето од Лигата на Нации. Се повреди на последнито тренинг. Само тој знае колку му беше тешко. Остана во Скопје, а по враќањето ги пречека своите другари, по „нашки“ со насмевка и прегратка и едно топло добредојде.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата