Македонија во вториот ешалон
Земјите во транзиција од Југоисточна Европа во текот на минатата година забележаа економски раст, но тој се уште не е задоволителен, оцени вчера во Бања Лука претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Питер Сенфи.
“Најголем дел од странските инвестиции завршија во Бугарија, Романија и Хрватска, додека значително помалку средства влегле во Македонија, БиХ, Србија, Црна Гора и Албанија”, изјави Сенфи укажувајќи дека политичките состојби во регионот влијаат на влезот на странски инвестиции.
Тој изјави дека БиХ, Србија, Црна Гора и Албанија, без разлика на позитивниот напредок, се уште заостануваат зад другите земји во транзиција од Југоисточна Европа. Сенфи наведе дека пред овие земји и натаму постојат предизвици, кои се однесуваат на спроведување на реформите и реструктурирање на стопанството.