Како што беше најавено од движењето „Македонија-блокира” денеска се пресели и на крстосниците.

Од здружението информираат дека од 15.30 часот ќе бидат блокирани улиците во центарот на градот, кај зградата „Тифани” и Црвениот крст”, а од 16.30 и улицата Даме Груев и пристапот до Собранието. Сообраќајот ќе биде затворен до 18 часот по што протестот продолжува во Паркот на жената борец спроти законодавниот дом.

Оттаму, бараат разбирање до граѓаните и, како што велат, ова не го прават за личен или партиски интерес, туку за одбрана на името и идентитетот на македонскиот народ.

Главното барање на „Македонија блокира” е распуштање на Собранието и распишување нови избори. Демонстрантите јавно го повикаа и премиерот Заев на јавна дебата организирана од нив, на која ќе ги соочат ставовите за клучните прашања за македонскиот народ.