x

Македонецот  ја користи технологијата: Никој не може да му избега на Чеде!

Стратегот на Енозис Паралими, Чеде Јаневски, важи за строг тренер, мора да биде по негово по секоја цена. Важи за фанатичен работник кој ништо не остава на случајот, па така и сега во време на пандемијата со Ковид-19. Во неможност со своите играчи да одработува нормални тренинзи, тој, како што пишуваат медумите на Кипар, ја користи модерната технологија и преку интернет, односно „Скајп“, има на увид се што работат неговите фудбалери индивидуално по дома.Никој не може да му избега на Чеде, сите играчи се вклучени и следат дневен распоред на тренинзи. Тој и во ова време – невреме, најде начин неговите фудбалери да тренираат, па макар и по дома. Секој посебно си тренира, а Чеде ги контролира сите. 

Не се сомневаме дека екс стратегот на Вардар и екс селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација, секогаш од своите пулени бара повеќе на секој тренинг, па така и на овие „интернет – тренинзи“. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата