x

Македонецот Пандев е седмата најголема болка за Баерн Минхен во изминатата деценија!

Според гласовите на навивачите на Баерн Минхен, Горан Пандев е седмиот од десетте најлоши моменти за клубот од Минхен во изминатата декада. Имено се играше 1/8-финалето во Лигата на Шампионите во сезоната 2010/2011, кога тогаш актуелниот првак на Европа замина на „Алианц Арена“ со минус еден гол. Се играше 88. минута кога Горан Пандев му даде гол на Баерн Минхен и ги „расплака“ домашните фанови за триумф на Интер од 3:2 и пласман во следната фаза.

Тој момент е седмиот најлош момент во клупската историја на германскиот гигант за изминатата деценија. Ло листата се и поразот од Интер во финалето во Мадрид претходната сезона во ЛШ, потоа заминувањето на Тони Крос во Реал Мадрид, трансферот на Ренато Санчез, дебаклот на Карло Анчелоти, поразите од Борусија Дортмунд додека тренер на ривалот беше Јирген Клоп, масакрот што судијата Касаи им го „направи“ на баварците на мечот со Реал Мадрид во ЛШ, и се разбира најголемата болка е поразот во финалето од Челзи во ЛШ на свој терен среде Минхен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата