x

Македонецот Даци двоен стрелец за Коњаспор!

daci

Македонскиот младински репрезентативец, Ердон Даци одигра уште една одлична партија за својот тим Коњаспор. Вечерва на свој терен, Даци и неговите клупски колеги во четвртата рунда од Купот на Турција, успеаја да ја победат Маниса со 7:0. Стрелец на два гола во убедливиот триумф на Коњаспор беше токму и Даци,кој е еден од нашите најдобри репрезентативци во селекцијата до 21.година. Даци беше стартер на овој меч, ги одигра сите 90 минути а головите ги постигна во 50. и 79, минута, тоа бе петиот и шестиот гол за Коњаспор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата