41-годишен маж со криминално досие, денес околу 14.30 со неговиот автомобил Тојота РАВ4 ја проби заштитната ограда пред Националното собрание во Белград. Откако ја пробил оградата тој излегол од автомобилот и извикувал: „Министри, излезете!“

Само неколку часа пред да го направи ваквиот потег, тој на Фејсбук објави видео во кое на своите следбеници им порача да излезат на улиците и дека не треба да биде единствениот што „крвави“ за другите.

Како што пренесуваат српските медиуми Павле Б. е родум од Белград и на полицијата и бил познат по своето криминално досие за трговија со дрога. Toj iсто така бил обвинуван и за трговија со луѓе.

Осомничениот е уапсен веднаш и одреден му е притвор во времетраење од 48 часа. Полицијата сè уште ја утврдува причината за инцидентот пред собранието.