Австралиската полиција е во преговори со вооружениот маж кој држи заложници во кафеана во Сиднеј но сеуште не успеала да даде одговор за мотивите за киднапирањето. 

Полицијата сеуште нема информации колку луѓе се во кафеаната но сметаат дека нема повеќе од триесетина. 

Десетици полицајци ја опколлија кафеаната Линд на плоштадот Мартин во центарот на Сиднеј каде пред околу шест часа почна заложничката криза. Од еден од прозорците на објектот се гледа црно знаме со натпис на арапски јазик.