По пауза од скоро две години, Рејчел Остовиќ, познатата УФЦ претставничка од Хаваитес е враќа посилна од кога било. Последен пат таа настапи во 2019 година, кога реши да влезе во октагон само два месеци откако беше жртва на семејно насилство, односно откако сопругот ја претепал.

Остовиќ тогаш беше поразена и за жал се повреди, поради што мораше да паузира подолго. Тоа беше нејзин втор пораз на УФЦ по ред, а во вкупниот професионален скор има четири победи и пет порази.

Остовиќ е по потекло од Хаваи и се здоби со голем број обожаватели на социјалните мрежи поради атрактивниот изглед. Нејзината убавина не е единствената причина што има скоро 800 000 следбеници на Инстаграм, туку и презентација на нејзините боречки вештини.

– Не бев активна веќе цела година и тоа ми ја врати страста за тоа што го работам, ја добив таа мотивација. Среќна сум што имав можност да продолжам да го работам она што го сакам и ја сакам ММА, ја сакам уметноста на овој спорт и го сакам трудот што треба да се вложи. Не можам да кажам дека е лесно, но не се гледам како правам нешто друго. Мило ми е што луѓето сè уште ме следат и ме прашуваат кога ќе се борам. Бев среќна кога конечно можев да им одговорам. Благодарна сум им на сите за тоа затоа што дополнително ме мотивира кога знам дека не го правам сето ова само за себе. Работиш за семејството, пријателите и секој што те поддржува. Доволно е да ја погледнам ќерка ми да си кажам како мајка и ќе ја однесе оваа победа – додаде таа.

Голем број обожаватели ја сметаат за една од најатрактивните борци во светот, а сега има можност да покаже дека не е само атрактивна.