Тимот на истражувачи составен од четворица мажи, го водел Бен Александер Даниел, студент на школата “Кралот Едвард Петти” во Велика Британија. Ги проучувале добитниците на Дарвиновите награди од 1995 до 2014 година, станува збор за поединци “наградени” затоа што придонеле за еволуцијата така што самите себе се исклучиле од генетскиот базен со неверојатно глупи постапки. А нивните истражувања укажуваат дека дури 88.7 од ваквите награди се кај мажи.

Тој податок авторите на студијата го изнеле како доказ на “теоријата за машкиот идиот”, односно “опсервацијата дека мажите се идиоти, а идиотите прават глупави работи”.

Истражувањето сепак укажува и на една важна информација, одамна е познато дека мажите особено помладите, се поимпулсивни и повеќе се изложуваат на ризици отколку жените, што е информација која се појавува во разни статистики на јавно достапни податоци, почнаувајќи од брзата помош па до оделенијата за трауматологија.

Но ништо од ова не ги спречи странските медиуми ова истражување да го проследат со коментари дека конечно и официјално е дека мажите се поглупави од жените.