Иако сериозен маж покрај себе сигурно сака амбициозна, упорна и зрела партнерка, сепак повеќето од мажите се плашат од жени родени во овој хороскопски знак бидејќи нивната сила е неверојатна.

Тоа се жени родени во знакот Овен.

Овие дами се исклучително силни, смели и храбри жени кои уште од мали нозе знаат дека со напорна работа и нераскинлив дух ќе постигнат сè што сакаат. Повеќето мажи се чувствуваат инфериорно покрај нив, па затоа доста се плашат да влезат во сериозна врска со нив.

Тие не се плашат да кажат кога нешто не им се допаѓа или кога мислат дека не е во ред, а поради нивната висока интелигенција, ќе се вклучат во дискусијата на која било тема. Тие сакаат маж покрај себе кој знае што сака и кој знае како да се однесува кон нив на начинот на кој заслужуваат. Ако сфатат дека не е така, тие многу брзо ќе ја прекинат врската затоа што повеќе сакаат да бидат сами до крајот на животот отколку со некој што не ги почитува и заслужува.

Жените родени во овој знак се голема инспирација за многумина затоа што се вистински доказ за тоа колку силната волја и храброст можат да придонесат за подобар живот.