Добро знаеме дека мажите кај една жена не ја гледаат облеката, односно колку чевлите се ускладени со маицата или јакната со панталоните. Многу поверојатно е дека ја разгледуваат женската физиономија, многу повеќе од искомбинираните парчиња облека. Но, постои причина за ваквото “ѕверење”, кое верувале или не – е научно потврдено.

Имено, кога маж ќе се загледа во една жена, тој прави репродуктивна процена на нејзината физиономија. Постојат одредени карактеристики кои ги прават жените привлечни, а се поврзани со плодноста и доброто здравје. Кога мажот ги воочува ваквите карактеристики, тој потсвесно ги поврзува со можноста таа жена да биде и мајка на неговите деца.

Науката ги потврдува следните карактеристики на кои мажите не можат да одолеат:

Широки колкови – мажите обожаваат широки колкови и тесен струк. Изразените колкови се поврзуваат со плодноста, па затоа се неодоливи кај машкиот род.

Висок глас – научните истражувања тврдат дека мажите обожаваат висок глас кај жените, бидејќи ги потсетува на младоста и ситното женско тело.

Здрава коса – сјајната, бујна коса е многу привлечна за мажите, бидејќи е уште еден знак на здравје и плодност.

Насмевка – науката докажува дека среќните луѓе кои зрачат со позитивна енергија се попривлечни од останатите.

Помалку шминка – истражувањата покажуваат дека мажите сакаат жени со 40% помалку шминка. Затоа, држете се до природниот и умерен изглед, кој е секогаш подобар од нападната шминка.

Црвена боја – носењето на црвената боја се поврзува со страста и сексуалноста. Затоа оваа боја мажите ја сметаат за најпривлечна од сите.