Не се фали

Ако мажот оди наоколу и ги раскажува искуствата со бившите девојки, постојат големи шанси да е ужасен во кревет. Оние кои сакаат да зборуваат дека се „богови” меѓу чаршавите, се токму спротивното.

Прави да се чувствувате секси

Кога ќе излезете со него се чувствувате посебно згодни, а не ви е потребна посебна облека или шминка? Тогаш и во кревет ќе биде така.

Вешт е со рацете

Многу може да откриете според тоа како ги користи рацете. Ако е музичар, уметник или нешто сосема трето, но секојдневно ги користи рацете за било какви активности, веројатно е одличен во кревет.

Дали ризикува?

Ако ужива да ризикува во секојдневието, големи се шансите и да ризикува во креветот. А, новите идеи и акции се секогаш голем плус.

Не е себичен

Емпатијата која ја покажува е тесно поврзана со квалитетот на сексот кој ќе ви го пружи. Ако сте со некој кој мисли само на себе, како очекувате да мисли на вас додека сте во кревет?

Начинот на кој оди

Ако се движи со голема самодоверба и крената глава, тоа е сосема доволно. Говорот на тело е прв показател кој го открива карактерот на човекот.

Начинот на кој се бакнува

Кога веќе ќе стигнете до првиот бакнеж – се ќе ви биде јасно. Добриот партнер е нежен и страствен. Ваквиот бакнеж е добар показател дека постои хемија.

Вежба

Лицата кои вежбаат имаат поголема сила и способности во креветот и тоа е факт.