“Ве уверувам дека знаете барем една жена која изневерува, само не знаете дали е таа“- Алиција Волкер писателка.

Со години се сметало дека мажите ги изневеруваат своите партнерики само да ги задоволат своите сексуални потреби и желби, додека жените тоа го прават од емотивни причини, незадоволство во врската или бракот.

Стручњак за љубовни односи Трејси Кокс открила за Дејли Мејл дека причини за изневерувања низ годините се промениле, а последното истражување покажало дека жените подеднакво изневеруваат како и мажите, понекога и повеќе.

Ширли Глес, стручњак за врски, во истражувањата пред 20 години рекла дека мажите изневеруваат дури и кога се задоволени со својата партнерка без желба да го загрозат тој однос.

Додека Кокс вели дека сега улогите се сменети, мажите се повеќе трагаат по вистинска љубов и со тоа се чуствуваат посакувани, додека жените почнале тоа да го прават од чисто сексуално уживање.

Др. Теми Нелсон тврди дека мажите денес бараат партнерство и емоции бидејќи замена за секс можат да најдат во порнографија, додека жените поради страст и се*с.

Писателката Вендесдеј Мартин тврди дека денес многу жени се “сериски изневерувачи“. “Се мажиме за досаден тип бидејќи е стабилен и сигурно би бил добар татко, а од страна имаме одличен секс со некој позгоден но и самобендисан дечко“, рекла и додала дека на тој начин добиваме стабилност и партнерсто за долгорочна врска но и возбудување од страна.

“Жените многу повеќе изневеруваат отколку што мислиме. Но тие не сакаат да разговараат ни да размислуваат за тоа. “Ве увреувам дека знаете барем една жена која изневерува, само не знаете дали е таа“, заклучува писателката Волкер.