Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, во среда, рече претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пренесува „Спутник“.

Секој ден добиваме хуманитарна поддршка. Во среда, 300 тони руски хуманитарна помош ќе биде законски доставена до меѓународниот аеродром во Каракас”, рече Мадуро во понеделникот.

Венецуела во моментов се соочува со сериозна економска и политичка криза. Откако лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, се прогласи за привремен претседател на Венецуела, САД го признаа како лидер на земјата и му додтавија помош за земјата на соседна Колумбија.

Мадуро одби да ја прифати помошта од САД, оценувајќи ја како трик за соборување на неговата влада. Русија, Кина и Мексико, меѓу другите, изразија поддршка за Мадуро, кој го обвини Вашингтон дека организирал државен удар.

извор: Makfax