Мадона е најновата алка во синџирот на тужените за плагијат. Salvatore Acguaviva од Белгија ја тужи славната пејачка дека му ја украла мелодијата за нејзиниот голем хит “Frozen”, кој Мадона го објави 1998 година на албумот “Music”. Песната во себе содржи неколку музички решенија кои произлегуваат од неговата песна “Ма Ma Vie Fout L’camp”, која тој ја компонирал и ја објавил пет години порано. Неговите адвокати сметаат дека Мадона многу лесно можела да ја чуе оваа песна која е објавена само во Белгија, бидејќи таа на почетокот на својата кариера имала контакти со продуцентите на Салваторе. Коментарот на Мадона и нејзиниот адвокат е дека се работи само за уште еден лош обид да се земат пари од славната личност.