Кралицата на попот неодамна се пресели во главниот град на Португалија заради синот, кој почна да игра за јуниорската екипа на фудбалскиот клуб Бенфика.

Имено, таа сака да му помогне на својот 12-годишен син Дејвид Бонди да стане фудбалска ѕвезда.
Сепак, додека го поддржува изборот на нејзиниот син во кариерата, Мадона призна дека поради постојана промена на распоредот било невозможно да води сопствен живот.

Кралицата на попот, која има постари деца, ќерката Лурд (21) и синот Роко (17), со преселбата во Лисабон не се повлекува од сцената, но нема да има турнеи најмалку една година, бидејќи се фокусира на животите на своите деца во странство.

Инаку, како што се дознава, славната пејачка планира голема забава за нејзиниот 60-ти роденден на нејзиниот имот во Португалија.

извор: Makfax