Спасувачките екипи во текот на ноќта пронајдоа уште пет тела под урнатините на стамбената зграда во Магнитогорск, со што бројот на жртви се искачи на 33. Осуммина станари се уште се водат како исчезнати.

Межу телата кои се пронајдени во Магнитогорс е и едно тригодишно девојче, соопшти Министерството за вонредни ситуации. 11-месечото дете кое беше извлечено речиси 36 часа по падот на зградата се наожа во сериозна, но стабилна состојба во детската болница во Москва.

Министерката за здравство, Вероника Сквортсова изјави дека детето има површински рани на главата, но дека нема оштетување на мозокот. Шансите да се пронајде жив некој од останатите осуммина станари под урнатите се многу мали, бидејќи почина и третата ноќ по урнувањето на зградата, а температурии се спуштија на -20 степени.

Катастрофата се случи во понеделникот изутрина, а според официјалнилица до експлозијата дошло поради истекување на гас.

извор: Makfax