x

ЛШ – 1/2 финале: Почнува германско – француската “ВОЈНА“ – вечерва “бикови“ VS “светци“!

lajpcig-i-psg

Дали е време конечно ѕвездениот состав на ПСЖ да дојде до финалето во Лигата на Шампионите, и секако во него да го освои “ушлето“? За првото ќе видиме вечерва од 21 часот, и тоа во првиот полуфинален меч од завршницата во ЛШ во кој се среќаваат со Ред Бул Лајпциг и ПСЖ. Со тоа започнува и германско – француската “војна“, во која ќе учествуваат по две екипи од двете земји.

Бикови“ против “светци“ ќе следиме вечерва Првите го елиминираа Атлетико Мадрид во четвртфиналето, вторите пак во инфаркт финиш, составот на Аталанта.

Мотиви до небо, кој ќе победи за првпат во својата историја ќе игра едно големо европско финале во ЛШ.

Фаворити на хартија се “светците“, составот на Томас Тухел, кој и на овој меч нема да може да смета на сиот свој играчки потенцијал. Ќе го нема голманот Навас, ќе го нема и Верати. Под знак прашалник се Гај и Курзава. Нагелсман пак, стратегот на Лајпциг, не ќе може да смета на Хартман и Конате. Сепак за стартните состави ќе мораме да почекаме до почетокот на мечот.

Најважно за фановите кои не се определени навивачки, е што игра Килијан Мбапе, светската мега ѕвезда, која се виде колку му значи на составот на ПСЖ. Со него тимот на Тухел е нешто посебно, тој е тој што ја прави таа потребна разлика, тој е тој што фудбалски воодушевува.

Но ова е полуфинале, тука се е можно, кој ли само може и смее да ги потцени Германците.

Второто полуфинале, кои исто така се игра во Лисабон, како и цела завршница во ЛШ, е закажано за утре, а се среќаваат Баерн Минхен и Лион. Тоа ќе биде продолжение на германско – француската “ВОЈНА“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата