x

ЛШ: Роналдо и со два гола не успеа да го однесе Јувентус на Ф8 во Лисабон (ВИДЕО)

ronaldo-ls

Јалова победа од 2:1 за фудбалерите на Јувентус и нова елиминација од најквалитетното европско натпреварување. Со еден гол постигна на гостински терен, вкупните 2:2 од двомечот на Јуве и Лион им отиде во полза на Французите кои успеаја да се надминат себе си и да обезбедат место на завршниот турнир од годинашната сезона кој од вторник почнува во Лисабон.

Вобудливото прво полувреме донесе два гола и двата од белата точка. Лион имаше среќа брзо по само 12 минути да постигне гол на гости и буквално да ги фрли во очај фановите на Јуве, откако Депај го претвори казнениот удар во водство од 1:0.

Јувентус се иобидуваше да израмну долго време. Фантастични шанси во неколку наврати пропуштија Роналдо, Бернардески и Пјаниќ, за конечно во последните 2 минути, судијата Цваер да покаже на белата точка по една сомнителна ситуација и игра со рака на Мемфис Депај. Јуве израмни на 1:1 и се врати во игра пред стартот на второто полувреме.

Второто полувреме почна со жесток притисок на „Старата Дама“. Гостите се обидуваа да се одбранат, Јувентус го стегаше обрачот пред голот на Ентони Лопез. Сепак, Кристијано Роналдо најде начин како и по вторпат да ја затресе мрежата на гостите, овој пат во 60. минута за 2:1 со еден фантастичен погодок.

До крајот на мечот Јувентус беше во комплетна офанзива, но домашните не успеаја да постигнат и трет гол кој ќе значеше место меѓу осумте најдобри.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата