x

ЛШ: Реал извади бод во Германија, Атлетико (М) се намачи со Салцбург (ВИДЕО)

gladbach-real1

Реал (М) се спаси од сигурен пораз на гостувањето во Германија. Иако домашните водеа со 2:0 до 3 минути пред крајот, со головите на Бензема и на Каземиро , „кралевите“ извадија бод. Ливерпул дојде до победа над Митјиланд во второто полувреме, а Атлетико (М) се намачи со Салцбург и обезбеди тесна победа од 3:2.

• Иако Реал (М) главно вршеше притисок на голот на домашните, а пропушти и две изгледни можности за гол, Борусија (М) е тимот кој прв погоди. Со голот на Турам во 33. минута, Борусија (М) стигна до водство од 1:0.

Во вториот дел кога Реал требаше да притисне, дојде уште една добра акција на домашните која денеска фантастичниот Турам ја претвори и во зголемено водсвто од 2:0. Задоцнетиот финиш на Реал почна со голот на Бензема во 87. минута. Гостите намалија на 2:1 и фрлија се на една карта. Модриќ нафрли во 93. минута, Рамос спушти за Каземиро кој погоди за конечни 2:2

БОРУСИЈА (М) – РЕАЛ (М) »

 

• Атлетико (М) ја искористи одличната игра и успеа да дојде до водство над Салцбург со голот на Маркос Љоренте во 29. минута од средбата. Но радоста на домашните траеше се до три минути пред одморот, кога гостите успеаја да израмнат на 1:1.

На стартот на вториот дел вистински шок за Атлетико. Брза контра по левата страна која заврши со одлично уфрлување во домашниот шеснаесетник и погодок на Бериша за водство од 1:2. Но само 5 минути потоа, Атлетико (М) се врати во егал, откако Жоао Феликс погоди за ново израмнување – 2:2. Истиот фудбалер успеа да погоди и за 3:2 во 85. минута за победа и три бода за домашните.

АТЛЕТИКО (М) – САЛЦБУРГ »

 

• Манчестер Сити успеа да поведе на гостувањето кај Олимпик (М) со голот на Феран Торес многу рано, уште во 18. минута и го задржа водството до полувремето.

Во вториот дел мудрата игра на момците на Пеп Гвардиола беше крунисана и со втор гол. Овој пат Гундоан погоди за 0:2. Во финишот на мечот гостите имаа уште една одлична акција, која по асистенција на Де Бруине со гол ја заврши Стерлинг за 0:3.

ОЛИМПИК (М) – МАНЧЕСТЕР С. »

 

• Одлично прво полувреме имаше екипата на Ајакс, која на гостувањето во Бергамо обезбеди предност од 2:0 против Аталанта. Тадиќ во 30 минута од пенал го доведе гостите до 1:0, за Траоре 8 минути подоцна да зголеми и на 2:0.

На стартот на вториот дел домашните веднаш притиснаа, а со голот на Запата во 54. минута успеаја да намалат на 1:2. Истиот фудбалер беше прецизен и 6 минути подоцна за израмнување на 2:2.

АТАЛАНТА – АЈАКС »

 

• Ливерпул мечот го почна без триото Салах, Мане, Фирмино, кои останаа на клупата за резерви. Пехот да биде поголем, во првиот дел се повреди Фабињо и мораше да го напушти теренот.

Во второто полувреме по првата добра шанса „црвените“ поведоа. Трент Александер-Арнолд асистираше, Жота погоди за 1:0 во 55. минута. Во финишот од пенал, Салах ги постави конечните 2:0.

ЛИВЕРПУЛ – МИТЈИЛАНД »

 

• На „О Драгао“ во Порто домашните во првиот дел одиграа многу подобро од Олимпијакос и ги завршија првите 45 минути со водство од 1:0.

Во вториот дел Олимпијакос притисна, но не успеа да израмни. Потврдата на победата за домашните стигна во 85. минута кога Оливеира погоди з аконечни 2:0.

ПОРТО – ОЛИМПИЈАКОС »

 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

2. КОЛО

ГРУПА А

Локомотив (М) – Баерн (М) 1:2

Атлетико (М) – Салцбург 3:2

ГРУПА Б

Шахтјор – Интер 0:0

Борусија (М) – Реал (М) 2:2

ГРУПА Ц

Порто – Олимпијакос 2:0

Олимпик (М) – Манчестер С. 0:3

ГРУПА Д

Ливерпул – Митјиланд 2:0

Аталанта – Ајакс 2:2

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата