x

ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Слабо прво полувреме без постигнат гол

dynamo-juve-1

Мирно и со само неколку возбудувања минаа првите 45 минути на првите две средби од новата сезона на УЕФА Лигата на шампиони. Вечерва во Киев и Санкт Петербург во воведниот дел на мечевите не успеавме да проследиме гол, откако тимовите влегоа со доза на претпазливост и без многу реални шанси за завршница.

Најубавата на мечот во Русија ја имаа гостите од Белгија преку Ванакен, кој со глава од непосредна близина не успеа да го совлада домашниот голман Кержаков.

На дуелот во Киев, Јувентус беше далеку подобар во нападот, но неколку обиди на италијанскиот шампион не донесоа посебни возбудувања. Останува впечатокот да с епоправи во вториот дел.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата