x

ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Реал губи во Гладбах, Ливерпул остана без Фабињо, Сити води на „Велодром“ (ВИДЕО)

feran-torres

Реал (М) е во негатива од 1:0 на полувреме во Германија, додека Манчестер Сити успеа да си обезбеди предност во Франција. Ливерпул одигра подпросечно прво полувреме, се повреди Фабињо, а резултатот остана непроменет – 0:0.

Иако Реал (М) главно вршеше притисок на голот на домашните, а пропушти и две изгледни можности за гол, Борусија (М) е тимот кој прв погоди. Со голот на Турам во 33. минута, Борусија (М) стигна до водство од 1:0.

БОРУСИЈА (М) – РЕАЛ (М) »

 

Атлетико (М) ја искористи одличната игра и успеа да дојде до водство над Салцбург со голот на Маркос Љоренте во 29. минута од средбата. Но радоста на домашните траеше се до три минути пред одморот, кога гостите успеаја да израмнат на 1:1.

Манчестер Сити успеа да поведе на гостувањето кај Олимпик (М) со голот на Феран Торес многу рано, уште во 18. минута и го задржа водството до полувремето.

ОЛИМПИК (М) – МАНЧЕСТЕР С. »

 

Одлично прво полувреме имаше екипата на Ајакс, која на гостувањето во Бергамо обезбеди предност од 2:0 против Аталанта. Тадиќ во 30 минута од пенал го доведе гостите до 1:0, за Траоре 8 минути подоцна да зголеми и на 2:0.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

2. КОЛО

ГРУПА А

Локомотив (М) – Баерн (М) 1:2

Атлетико (М) – Салцбург (1:1)

ГРУПА Б

Шахтјор – Интер 0:0

Борусија (М) – Реал (М) (1:0)

ГРУПА Ц

Порто – Олимпијакос (1:0)

Олимпик (М) – Манчестер С. (0:1)

ГРУПА Д

Ливерпул – Митјиланд (0:0)

Аталанта – Ајакс (0:2)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата