x

ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Лион води на полувреме против Сити, ќе има ли нова сензација (ВИДЕО)

man-lyon-pol

Француски Лион изненадувачки е во предност од 1:0 по првото полувреме на последното четврфинале во Лигата на шампионите. На „Хозе Алваладе“ во Лисабон, момците на Руди Гарсија ја искористија својата шанса и успеаја да дојдат до гол за предност на полувреме.

Првите дваесетина минути од вечерашниот дуел поминаа без поголеми шанси на двете страни, но Французите беа упорни и во една акција во 24. минута, Макјсвел Корне успеа да го најде патот до мрежата на Англичаните за водство од 1:0. Сити имаше неколку обиди за израмнување до крајот на првиот дел, но се остана безуспешно.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата