Највозбудливиот дуел од вечерашната понуда на 5. коло во ЛШ на „Олд Трафорд“ по првите 45 минути донесе два гола и голема жестока пресметка на лутите ривали, Манчестер Ј. и ПСЖ. По само 6 минути игра, ПСЖ успеа да го отвори резултатот. Нејмар погоди за водство на гостите и најави возбудлив тек на ова прво полувреме. Манчестер Ј. бараше начин како да израмни, па со помош на среќата во 32. минута, по шутот на Рашфорд топката доби поинаков тек и го измами Навас за 1:1.
МАНЧЕСТЕР Ј. – ПСЖ
Борусија (Д) без Халанд успеа кон финишот на првиот дел да дојде во водство против Лацио со голот на Гвереро, а водство има и Бриж против Зенит од 1:0. Со голот на Жиру Челзи е во предност на гостувањето кај Севиља.
БОРУСИЈА (Д) – ЛАЦИО
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 5. КОЛО
ГРУПА „Е“
Краснодар – Рен 1:0
Севиља – Челзи (0:1)
ГРУПА „Ф“
Борусија (Д) – Лацио (1:0)
Бриж – Зенит (1:0)
ГРУПА „Г“
Јувентус – Динамо (К) (1:0)
Ференцварош – Барселона (0:3)
ГРУПА „Х“
Истанбул Б. – Лајпциг 3:4
Манчестер Ј. – ПСЖ (1:1)