x

ЛШ: Најдовски и Тошевски одат на мегдан со Црвена Звезда, оди понатаму и Велкоски, елиминација за Дамчевски

najdovski

Филип Најдовски и Кристијан Тошевски се најдоа веднаш во стартниот тим на Тирана на дуелот со Динамо Тбилиси во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тирана успеа да победи со 0:2, и да продолжи во следната фаза, а таму – спектакл! Дуел со Црвена Звезда, со тимот кој во последните две години се пласира во групната фаза. Штета што овој меч ќе се игра без публика во Тирана.

Крсте Велкоски, пак, мечот од ЛШ за Сараево го почна од клупата. Влезе во 65. минута на местото на двократниот стрелец Татар, а Сараево го совлада Конах’с од Велс со 0:2.

Александар Дамчевски и неговиот Арарат Ерменија испаднаа од Омонија дури по продолженијата. Стоперот влезе во игра во 111 минута. Инаку интересно, Дамчевски се споменуваше како можно засилување за Омонија.

Во другите мечеви од оваа фаза, Молде со 5:0 го декласираше финскиот Купс, Судува после изведување на пенали оди во следната фаза и го елиминираше естонскиот тим Флора. Целје со 3:0 го победи Дундалк, а Макаби Тел Авив беше подобар од Рига со 2:0.

  1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЛШ

Арарат Ерменија – Омонија 0:1
Молде – Купс 5:0
Флора – Судува 1:2
Целје – Дундалк 3:0
Динамо Тбилиси – Тирана 0:2
Ференцварош – Ѓургарден 2:0
Макаби ТА – Рига 2:0
Будуќност – Лудогорец 1:3
Конах’с – Сараево 0:2
Шериф – Фола 2:0

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата