x

ЛШ: Лион ги шокираше „граѓаните“ за ново француско-германско полуфинале (ВИДЕО)

musa-dembele

Фудбалерите на Лион се изненадувачки патници во последното полуфинале од Лигата на шампионите за оваа сезона. против големиот фаворит Манчестер Сити, Руди Гарсија и неговите момци вечерва во Лисабон обезбедија победа од 3:1 и закажаа полуфинална битка со Баерн (М).

Првото полувреме почна тактични затворено и од двете страни. Се до средината на првиот дел и не видовме зрела шанса за гол. Потоа следуваше една одлична акција на Французите, кои во 24. минута успеаја преку Макс Корне да дојдат до водство од 1:0 и со овој резултат да заминат на одмор.

Она што се очекуваше на стартот на вториот дел и се случи. Манчестер Сити притисна со сите сили и во 69. минута, конечно, успеа да израмни преку Кевин Де Бруине. Голот требаше да биде дополнителен поттик за „граѓаните“, но само 10 минути подоцна нов шок. Муса Дембеле успеа да ја искористи добиената шанса и по вторпат да го донесе Лион во водство.


Во завршницата се се случуваше пред голот на Французите. Во 86. минута и најубавата шанса за израмнување која Стерлинг не успеа да ја претвори во гол од само неколку метри пред празната мрежа на Лион.

Како казна за пропуштеното, Лион само минута подоцна преку Муса дембеле погоди и за 3:1 и стави печат на својот пласман во полуфиналето.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата