x

ЛШ: „Бикови“ ги прегазија „петлите“ на Мурињо на патот до четвртфиналето (видео)

Екипите на РБ Лајпциг и на Аталанта го направија најголемиот свој успех во европските купови. Вечерва германскиот тим и италијанскиот дебитант успеаа да ја поминат осминафиналната фаза и да влезат во четвртфиналето на најкомерцијалното клупско натпреварување во Европа.

А РБ Лајпциг после онаа победа од 1:0 на „Вајт Харт Лејн“, вечерва победи со 3:0 со двата гола на капитенот Марсел Сабицер во првото полувреме и еден на Емил Форсберг во финишот. Заслужена победа на РБ Лајпциг кој тотално го надигра англискиот тим, а можеше да го совлада и поубедливо. Да кажеме дека Вернер постигна гол кој му беше поништен.

Инаку ова е второ излегување на РБ Лајпциг во Лигата на шампионите. Првото беше во сезоната 2017/18 кога заврши трет во групата, а потоа во Лига Европа стигна до четвртфиналето. Следната сезона играше во Лига Европа и не ја помина групата. Затоа оваа сезона, во третото излегување во Европа и второ во ЛШ се пласира во четвртфиналето.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата