Верица Пандиловска затсиноќа го промовираше новиот албум кој го носи името “Само за тебе” и видеото за темата “Нема да остариш”.

Во гламурозна тоалета во боја на вино пејачката направи промоција по светски терк, а истата беше надополнета со црвен килим на кој се прошетаа голем број на познати имиња од домашната јавна сцена.

Возбудена сум затоа што многу ретко имам можност да зборувам пред олку многу драги луѓе. Само сакам да испратам една порака бидејќи живееме во време кога луѓето не се забележуваат, па затоа сакам да апелирам до сите да почнеме да сочувствуваме едни со други, да се сакаме и да се почитуваме. Ние уметниците сме тука за да понудиме една нова светлина во ова тешко време на живеење и да ги освежиме сите оние околу нас со песна, со своја интерпретација и со нешто наше што од се срце го работиме”, рече пејачката.

На сцената се појави и нејзиниот долгогодишен пријател и соработник Дејан Милиќевиќ, кој е режисер и на новиот спот.

Верица е посебна и мене ми е чест да работам со неа и да се надополнуваме како уметници”, рече Миличевиќ кој долги години живее и работи во Белград и притоа најавија пробивање на пејачката и на српскиот пазар.

Инаку, материјалот содржи 11 песни, а како автори на истите се потпишуваат Салваторе Монети, Васко Серафимов, Дарко Димитров. Кристијан Габроски, Калиопи… а како специјални гости на албумот се појавуваат хорот “Рустико” на маестро Запро Запров и тамбурашкиот оркестар “Ѓезме” од Куманово.