x

„Луѓето умираат поради нас, згрешивме многу“

Италија е најпогодената земја кога станува збор коронавирус. Секојдневно доаѓаа страшни бројки на заразени, но и починати лица. А според тамошните експерти главна причина за хаосот во Бергамо е дуелот меѓу Атланта – Валенсија во рамките на ЛШ.

Фудбалерите се во карантин, не можат да поверуваат дека се соочуваат со нешто вакво.

„Граѓаните на Бергамо треба да бидат среќни и да слават, да бидат горди со нашите момци, но наместо тоа мора да бидат фокусирани на други работа, на преживување, да мислат на своето семејство. Минатата година го правевме овој град среќен, сега преживуваат нешто страшно. Не можам да верувам дека Италија е земјата која има најмногу жрвти после Кина. Ситуацијата е лоша, ќе се обидеме да останеме позитивни“, вели капитенот на Атланта Алехандро Гомез.

Гомез смета дека ситуацијата во Бергамо немало да биде толку лоша доколку не била публиката на Валенсија и Атланта во рамките на ЛП, меч на кој присуствуваа 45.000 луѓе од овој град.

„На почетокот имаше многу дезинформации, па не го сфативме овој вирус сериозно. Мислевме дека е само грип, па продолживме да живееме нормално. Погрешивме. Кога почнаа луѓето да умираат околу нас го почувствувавме стравот. Некој на „Сан Сиро“ тој ден бил заразен. Мислам дека денешната ситуација во Бергамо има голема врска со мечот во ЛШ“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата