Ослободување на гасови е телесна функција што секое тело ја извршува. Некои го прават тоа без никаков срам, други ги кријат како нозе змија, но секој организам мора да се ослободи од гасовите што се акумулираат во цревата.

Секоја личност испушта гасови 5 до 15 пати на ден, но често има денови кога треба да го правите тоа многу почесто. Ова се некои од причините зошто е тоа така.

Здрава исхрана

– Најсмрдливите гасови се должат на здравата исхрана, верувале или не. Храната што не се вари од тенкото црево оди во дебелото црево, каде што се формираат гасови. Овошјето, зеленчукот, цели зрна и мешунките се храна од која особено смрдат гасовите. Сега знаете зошто толку многу смрди кога јадете супа од брокула.

Премногу воздух

– Постојат два вида гасови. Некои доаѓаат од гасовите што се создаваат во дебелото црево, а други се создадени од воздухот што го голтаме, кој патува сè до дигестивниот систем. Таквите гасови се погласни, но многу „попријатни“ со мирис од оние нечујни кои „горат очи“.

Апсорпција на хранливи материи

– Кога гасовите се екстремно смрдливи, телото веројатно се бори со апсорпцијата на хранливите материи. Сите реагираме различно на одреден вид храна, но повеќето проблеми се предизвикани од шеќери од јаглени хидрати, како и лактоза.

Летање

– Ако често патувате со авион, сигурно веќе сте се прашувале зошто имате силен гас. Истражувањата покажаа дека височините влијаат на ширењето на гасови во телото. Ова предизвикува надуеност и гасови.

Нешто многу посериозно

– Гасовите варираат од ден на ден, но ако, на пример, имате болка додека ги испуштате или имате честа дијареја или запек, посетете лекар. Неподнослива и честа смрдеа често може да биде симптом на целијачна болест.