Како што јави германската новинската агенција ДПА, Ер Берлин ќе престане со работа до крајот на октомври. Компанијата, која беше втор најголем германски авиопревозник, имаше финансиски проблеми повеќе од една деценија.

Се очекува Луфтханза да ја откупи компанијата Ники, основана од Формула 1 асот Ники Лауда, која се спои со Ер Берлин во 2011 година. Луфтханза ќе ја купи и регионалната ЛГ Валтер авио компанија, која исто така е дел од Ер Берлин, како и дел од помалите авиони на Ер Берлин.

Истовремено компанијата Изиџет е во преговори со Ер Берлин да купи 30-ина од нејзините авиони.