x

Лутиот шпански селектор Морено си најде нов предизвик

Човекот кој беше заменик на Луис Енрике на кормилото на шпанската фудбалска репрезентација, Роберт Морено има шанса повторно да работи како национален селектор. Според информациите кои доаѓаат од Јужна Америка, поранешниот шпански селектор ќе добие покана да ја преземе репрезентацијата на Еквадор.

По многу дискутираното заминување од шпанската репрезентација, Морено бараше нов предизвик. Тој сакаше да продолжи со работа во Европа, но по се изгледа најдобрата понуда за него дојде сепак од Јужна Америка.

Претседателот на фудбалската федерација на Еквадор, Франциско Егас најави дека го има името на новиот селекотор на Еквадор, но засега нема да го спомене бидејќи договорот се уште не е ставен на хартија. Морено наводно прифатил да ја преземе репрезентацијата на Еквадор и тоа ќе се случи во првите деновои од новата година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата